Милан го забележа и третото реми во последните пет средби откако на домашен терен одигра 1-1 против Удинезе во 27. коло од италијанското првенство. „Црвено-црните“ поведоа во 29. минута преку Леао, додека изедначувањето го донесе Удоџи во 66. минута.
По натпреварот раководството на Милан изрази големо незадовоство од делењето на правдата. Според Паоло Малдини при голот на гостите имало игра со рака која арбитрите морале да ја корегираат со ВАР.
„ВАР е тука за да не се сомневаме. Ова не е начин на кој треба да се користи, а не е ниту прв пат. Јасно е дека имаше игра со рака. Милан е на врвот на табелата и не може постојано да му судат дебитанти. За жал, арбитрите прават многу грешки, а ние го губиме трпението“, вели легендата на Милан.
И покрај поразот „росонерите“ остануваат на првата позиција на табелата со 57 освоени бода, два повеќе од Интер кој има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА