Рафаел Леао заработи повреда на гостувањето против Торино, по што мораше да биде заменет уште во првото полувреме за нови главоболки на тренерот Алегри.
„Росонерите“ најпрвин без негова помош со голем пресврт стигнаа до триумф во Торино од 2-3, а денеска пристигна нова добра вест. Имено, деталните лекарски прегледи покажаа дека не станува збор за посериозен проблем, нема ниту истегнување ниту пак кинење на мускулни влакна, по што е јасно дека Леао ќе може експресно да се врати на терените.
Алегри ќе го има последниот збор, дали да ризикува со Леао на следниот меч со Сасуоло закажан за недела со почеток во 12.30 часот, или да го чува за полуфиналето од Супер-купот на Италија против Наполи закажано за 18 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

