Во Милан почнаа да слават: Мењон останува до 2031 година

Милан заврши фантастична работа откако „росонерите“ конечно најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката со Мајк Мењон, па францускиот голман во следните неколку дена ќе потпише долгогодишен договор со италијанскиот гигант.

Мењон имаше договор само до крајот на сезонава, а неговото останување е голем пресврт откако во текот на летото инсистираше да замине во Челси, но овој трансфер беше блокиран од страна на новиот тренер Масимилијано Алегри. Токму Алегри со својата работа го убеди Французинот да ги промени плановите, па Мењон повторно седна на маса со челниците на клубот и најде заеднички јазик за продолжување на соработката.

Новиот договор ќе биде со загарантирана плата од пет милиони евра по сезона, плус бонуси од два милиони евра, со што Мењон ќе биде рамо до рамо со Рафаел Леао како најплатен фудбалер во тимот.

Последната пречка околу провизијата на неговиот агент исто така беше решена во изминатите 48 часа, па Мењон веќе нема никаква дилема, ќе го продолжи договорот со Милан до јуни 2031 година.

Се вчитува...