Во Милан разочарани по поразот во Купот: „Тотално промашена сезона“

Во лоша игра и без напаѓачки ритам, Милан го загуби трофејот во Купот од Болоња. Противникот славеше со 1-0, и го доби трофејот кој го чекаше цели 51 година.

Во таборот на „росонерите“ се разочарани од загубата на финалето. Џорџо Фурлани, директорот на клубот рече дека се направени многу грешки, и дека ќе мора во иднина да се исправат.

„Сакам да им честитам на фудбалерите и на сите во Болоња за овој подвиг. Од друга страна не можам да не кажам дека оваа сезона е тотално промашување. Без оглед на победата во Супер-купот, и натаму сме далеку од она кое го посакуваме. Остануваат уште два натпревари да се обидеме да го завршиме натпреварувањето на најдобар можен начин, иако сме предалку од целта“, рече Фурлани.

Се вчитува...