Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, доби заканувачки пораки од навивачите на Милан. 22-годишниот фудбалер одлучи да потпише за ПСЖ ова лето, а навивачите на „росонерите“ веруваат дека тој ги избрал парите пред да љубовта кон Милан.
Никогаш нема да му се прости што замина за пари, а утрово беа забележани пораки од фановите на Милан упатени до Донарума, испишани пред тренинг центарот во Милано.
„Донарума, неблагодарно к*пиле. Не ги забораваме предавниците. Внимавај кога шеташ низ Милано”, гласат пораките оставени до поранешниот голман на клубот.
На 16-годишна возраст, Џанлуиџи Донарума застана меѓу стативите на Милан и оттогаш се наметна како број еден голман.
Сепак, неговиот менаџер Мино Раиола постојано бараше зголемување на платата за неговиот клиент. Договорот не беше постигнат и Донарума одлучи да замине во ПСЖ.
#Milan, striscioni contro #Donnarumma pic.twitter.com/A6qKSplpFS
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА