Денеска во Скопје, во просториите на Олимпискиот центар “Јане Сандански“, се одржа состанок меѓу претставниците на МОК и Координативната комисија на Европските Олимписки комитети (ЕОК) во насока на што подобра организација на Европските младински олимписки игри Скопје 2025.
На состанокот, претседателот на МОК, Даниел Димевски го претстави деталниот план за организацијата на игрите почнувајќи од системот на акредитации, сместувањето, транспортот, церемониите на отворање и затворање на игрите, листата на спортови и спортски објекти, волонтерскиот систем, протоколите, безбедноста, здравствената заштита и анти-допинг контролата како и многу други области кои треба да бидат покриени за успешна организација на игрите.
Координативната комисија на ЕОК, г-дин Стратос Каретос (Грција) заедно со спортскиот директор на ЕОК, г-дин Питер Брул (Финска), Лини Халдорсдотр (Исланд), Катерина Монтеиро (Португалија) и Александра Мисковска (Словачка) истакнаа дека се позитивно изненадени од досегашниот развој на подготовките за овие игри, од изгледот и подготвеноста на спортските објекти и сместувачките капацитети и дека се сигурни дека МОК заедно со своите партнери, Градот Скопје, државните институции и приватниот сектор како и сите граѓани на градот Скопје кои ќе земат учество во организацијата на игрите, ќе го дадат своето најдобро во успешната организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА