Атлетико Мадрид синоќа имаше вистинска „рапсодија“ против Рајо Ваљекано победувајќи на гости со 0-7. Но, во центарот на вниманието, и покрај тоа, сепак беше Жоао Феликс кој доживеа уште едно понижување од Диего Симеоне.
Жоао Феликс минува во моментов низ најтешкиот период од својата кариера во надеж дека до крајот на преодниот рок ќе го напушти Атлетико Мадрид, затоа што му е јасно дека ако остане сезонава нема да игра во овој клуб.
Пеколот за него почна кога се врати од позајмицата во Челси затоа што неговиот број седум веќе беше даден на Антоан Гризман, без Португалецот воопшто да го прашаат нешто. После тоа тој призна дека сака да си замине од Атлетико, и дека му е желба да потпише за Барселона, што од клубот го сфатија како големо предавство. Па сега за Феликс за Симеоне како да не постои, што се виде и на синоќешниот натпревар против Рајо.

Португалецот цел натпревар го одгледа од клупата за резервни фудбалери, и додека сите негови соиграчи ја славеа убедливата победа, тој очигледно на клупата се трудеше само да не заплаче.
До крајот на преодниот рок останува уште малку, а како што пренесуваат каталонските медиуми Барселона посакува во своите редови да го донесе Жоао Феликс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

