Во запалена атмосфера пред 80.000 гледачи на распродадениот „Ат&Т стадион“ во Далас, во натпревар кој беше се само не пријателски, Хрватска славеше против Мексимо со 1-0 со погодокот од пенал на Иван Ракитиќ во 62. минута.
Избраниците на Далиќ, на тој начин, по поразот од Перу со победа ја заокружија турнејата во САД.
Во однос на натпреварот со Перу, во тимот на Хрватска сега недостасува Модриќ, Перишиќ, Манџукиќ, Калиниќ, Субашиќ и Брозовиќ кои беа ослободени да се вратат во своите клубови. Таквата одлука на хрватската репрезентација наиде на многу критики, но Далиќ на крајот излезе како победник.
Мексиканците сериозно беа „напалени“ да стигнат до триумф против Хрватите токму и поради одлуката да не играат со најдобрите. Имаа поддршка од 80.000 навивачи, жестоко се бореа на теренот за триумф, но на крајот потклекнаа пред подобрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА