Кошаркарскиот свет во шок го дочека отказот на Мајк Малоун, тренерот кој беше дел од тимот 10 години и му донесе титула на Денвер, но беше разрешен по труболентната сезоната во која се наоѓа тимот од Колорадо.
За отказот говореше и Џо Мазула, тренерот на Бостон кој вели дека во НБА секој ден може да ви биде последен. За него тоа е дополнителна мотивација.
„Тоа е делот кој мене ме мотивира, но секој ден се будам мислејќи дека ова може да биде мојот последен ден. Мора да ја имате таа перспектива. Ви дава благодарност, но и ве држи „гладни“. Мора да имате баланс и да знаете дека сте заменливи, бидејќи тука така функционираат работите. Во НБА секој ден може да ти биде последен“, изјави Мазула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА