Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос со 97-93 во битката за третото место на Фајналфор турнирот од Евролигата кој се игра во Абу Даби.
Натпреварот за третото место е меч кој речиси никој не го сака, па според поголемиот број фанови на кошаркарската Евролига ќе ви кажат дека е неважен… Овој пат, ‘неважниот’ натпревар беше сепак поинтересен затоа што се соочија лутите ривали Олимпијакос и Панатинаикос. На крај сосема заслужено победи Олимпијакос.
Од самиот почеток, Олимпијакос изгледаше како тим кој ја посакуваше оваа победа многу повеќе од противниците, и тоа им се исплати на крајот, па ќе ја завршат сезоната на третото место.
Болните порази во полуфиналето овозможија безмалку мирен дуел на терен. Но, на трибините пред стартот на мечот не изостана лутината меѓу двете навивачки групи кои се впуштија и во физичка пресметка.
— SPORT24 (@sport24) May 25, 2025
На крајот, како и да е, Олимпијакос славеше со 97-93 со брилијантна изведба на Алек Питерс кој го заврши натпреварот со 32 поени и 7 скока, додека Везенков имаше 23 поени, а Мозес Рајт 19 поени.
Во редовите на Панатинаикос се истакна Омер Јурчевен со 21 поен и 8 скока, Чеди Осман постигна 14 поени, а Матијас Лесор 12 поени, додека МВП Нан имаше 9 поени.
Red and white, loud and proud 🔴⚪️
Always 🫡 #F4GLORY pic.twitter.com/SirPN903ks
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

