Во Неапол нема дилема – Хојлунд останува!

Ангажманот на Расмус Хојлунд на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед се покажа како полн погодок за Наполи, данскиот ас целосно ја презеде одговорноста по тешката повреда на Лукаку и постигна низа важни голови за својот тим.

Позајмицата истекува за неколку месеци, но за управата на „наполитанците“ нема никаква дилема, италијанскиот првак ќе ја активира клаузулата од 44 милиони евра за целосно да го откупи неговиот договор со англискиот гигант.

„Нема никаква дилема, Расмус ќе остане во Неапол. Имаме една клаузула со која мораме да го откупиме ако влеземе во ЛШ следната сезона. Но, дури и доколку тоа не се случи, Хојлунд е дел од нашите планови, тој сигурно ќе игра за Наполи и следната сезона“, изјави директорот Мана.

Се вчитува...