Во неделата го освои златото со Франција, ден подоцна уапсен поради силување

Францускиот ракометар Беноа Кунку заврши во притвор откако е обвинет за обид за силување во еден ноќен клуб. Кунку беше дел од француската репрезентација која пред неколку дена го освои Европското првенство во Германија, откако во финалето ја совлада Данска.

Во понеделникот вечерта, наводно во пијана состојба, Кунку ја соблекол жртвата, и се обидел сексуално да ја нападне 20-годишната девојка.

Играчот на полскиот тим Киелце го спречил човек од обезбедувањето, кој чекал да дојде полицијата. Тој завршил во притвор и не е познато колку ќе помине таму.

Се вчитува...