Во Охрид одржана едриличарска регата „Меч Рејс Куп 2021“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во организација на едриличарските клубови Акватика Јахтинг и Меч Рејс Клуб од Охрид, а со поддршка на Општина Охрид, Едриличарската федерација и Агенција за млади и спорт, од 21. до 24. октомври беше одржан вториот по ред Меч Рејс Куп – Охрид 2021.
“Match Race” е дисциплина во спортско едрење, во која меѓусебно се натпреваруваат повеќе тимови во две идентични едрилици. Тоа е еден-на-еден дуел, во кој секој тим има своја стратегија и тактика за остварување на крајната цел, први да ја поминат целната линија. Се натпреваруваа три тима: Нов Ветер од Скопје, Акватика Јахтинг и Меч Рејс Клуб од Охрид. Овогодиштен победник на купот и бранител на трофејот за следната година е тимот на Меч Рејс Клуб од Охрид.

Целта на овој настан е подигнување на имиџот на едрењето, односно едрењето да се претстави како врвен професионален спорт и да се промовира можноста за развој на спортскиот туризам во Охрид и Охридското Езеро, една од гранките во туризмот со огромен потенцијал за развој.

Се вчитува...