Белградски Партизан и по промената на раководството на клубот не може да се стабилизира, фокусирајќи се на подобрување на резултатите на тимот.
Постојаните турбуленции и во играчкиот кадар, продолжуваат со бркањето од тимот на досега стандардниот првотимец Кевин Ариага. Како што информираше тренерот на „црно-белите“, Марко Јовановиќ, тој е суспендиран и најверојатно за него сезоната е завршена.
Ариага, кој е репрезентативец на Хондурас, летово пристигна во Партизан од Минесота и беше еден од најстандардните во тимот. Токму затоа сега ова е изненадување…
„Тој направи дисциплински прекршок каков што не сум доживеал ниту како играч, ниту како помошен тренер досега во кариерата. Тоа се случи на ден пред мечот со ИМТ. Што се однесува до мене тој заврши со овој дел од сезоната. Им го кажав тоа и на челниците на клубот. Им кажав што точно направи, па затоа повеќе не сметам на него“ – рече Јовановиќ, порачувајќи му на Ариага преку медиумите дека мора да разбере во каков клуб игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА