Турболентните моменти во раководството на Партизан продолжуваат и покрај тоа што наликува дека клубот се стабилизира кога станува збор за резултатите особено по големата победа во градското вечно дерби против Црвена Звезда.
Новиот спортски директор на Партизан, Шарко Паспаљ отвороено говореше за медиумите, разговарајќи на повеќе теми. Едни од нив беа моменталниот ростер со кој располагаат „црно-белите“, кој според легендарниот кошаркар не ги задоволува условите, а со тоа и дека на него се потрошени големи финансии.
„Ќе се вратам малку наназад. Како никој не размислувал дека Џонс може да се повреди? Како така правеле тим? Приоритет сега ни е да донесеме плејмејкер. Како да обезбедиме кошаркар до крајот на сезоната? На Карлик на лето му истекува договорот. Во оваа ситуација мораме да се сложиме дека Милтон и Калатес, колку и тие да се принудно решение, не го задоволуваат тоа што сакам да го видам од кошаркари. Сакам брзи момци, тој стил на кошарка. Ние сме малку спори па доведувањето на плејмејкер има смисла.
Не сакам да трошам големи пари, мислам дека се потрошени многу пари на работи кои се чудни, нејасни. Инсиситрав да доведеме играч кој е од Европа или има европско искуство, што е многу поскоро. Пазарот е пресиромашен. Ни останува само Америка. Прашање е колку ќе им биде потребно за адаптација. Живееме во време кога се е многу скапо. Мислам дека ниеден играч во Евролигата не вреди толку“, изјави новиот спортски директор на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

