Спортот многу често знае да биде суров, а особено во денешно време кога светот се бори со коронавирусот, а тоа на своја кожа го почувствува 20 годишната Сара Марита Крамер.
20-годишната Австријка во моментов е убедливо најдобра во Светскиот куп во ски-скокови, а со тоа беше и најголем фаворит за златниот медал на ЗОИ во Пекинг. Сепак на игрите кои почнуваат во петок таа најверојатно нема да може да настапи.
Крамер беше позитивна на второто тестирање и поради тоа мора десет дена во изолација, што значи дека не отпатува за Пекинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА