За почит кон Дејан Милојевиќ: Голден Стејт ќе игра со изменети дресови (ФОТО)

Четикратниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс, уште еднаш покажа колку им значеше Дејан Милојевиќ, помошникот тренер кој неодамна почина од последици на срцев удар.

Раководството донесе одлука тимот да настапува со изменети дресови во негова чест.

До крајот на сезоната на дресовите на тимот ќе ги има иницијалите Д.М. во чест на Милојевиќ. Истото лого ќе го има и на паркетот во салата “Чејс центар“.

Се вчитува...