Во понеделник извлекувањето на двојките за новата сезона во Првата лига

Ждребот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе биде во понеделник (29. јули), информираа денеска од Фудбалската федерација на Македонија.

Сезоната, пак, во елитното друштво ќе стартува на 11. август, а трансфер периодот ќе трае до 31. август.

„Комисијата за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија во понеделник, на 29. јули, во просториите на ‘Куќата на фудбалот’, со почеток во 13 часот, ќе одржи извлекување на паровите за новата натпреварувачка созона 2024/ 2025 во Прва МФЛ“ – информираа денеска од ФФМ.

Се вчитува...