Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од следната сезона би можел да се пресели во Португалија и да направи голем трансфер во Спортинг Лисабон. Така најавува португалскиот весник „Рекорд“, кој во денешниот број открива дека Ристовски му е понуден на тренерот Жорге Жесус за десната бековска позиција, каде и во моментов тимот има недостиг на квалитетни решенија.
Аргентинецот Езекиел Скелото ја пополнува десната бековска позиција, но тој во суштина е играч за врска, па Спортинг Лисабон е принуден да бара на пазарот ново решение. Токму Стефан Ристовски е една од опциите на Спортинг Лисабон и можно е по завршувањето на сезоната да се пресели во Португалија.
Стефан Ристовски со Ријека се бори за освојување на шампионската титула во Хрватска, по што многу веројатно дека ќе си замине од овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА