Реванш-натпреварот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига меѓу ЦСКА Софија и Македонија ЃП денеска во Софија нема да биде суден од Англичанецот Дејвид Кут како што беше првично одлучено.
УЕФА во последен момент се одлучи за промена на судиската тројка, па правдата на мечот сега ќе ја делат Романци предводени од Марсел Бирсан. Романецот веќе им судел на ЦСКА минатата година, исто така во второто квалификациско коло од европските натпревари.
Натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија ЃП се игра денеска со почеток од 19 часот на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија. Првиот натпревар во Скопје меѓу двете екипи заврши без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА