Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница

Денес Прилепска Пиварница одржа прес-конференција за новинари на која ја најави прославата што ќе се одржи утре, 13 јули, сабота, со почеток од 20 часот, на централниот градски плоштад во Прилеп, за одбележување на јубилејот од стогодишнината од основањето на Прилепска Пиварница.

Посетителите ќе се забавуваат на добра музика, а за тоа ќе се погрижат реномираните артисти Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“, кои ќе приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.

„Се надевам дека сите присутни на настанот ќе уживаат во програмата и дека ќе понесат незаборавни моменти. Се трудевме да има музика за секоја возраст и за сечиј вкус за да можат да се забавуваат што повеќе наши сограѓани и гости што ќе дојдат од другите места. На настанот ќе биде поставена музичка сцена од златните времиња на Пивофест за подобро доживување на атмосферата. Дополнително ќе бидат поставени 12 шанка, каде што ќе може да се купи пиво и други пијалаци. Голема благодарност до градоначалникот на Општина Прилеп, господинот Борче Јовчески, за безрезервната поддршка што ни ја даде за организирање на овој настан, како и до сите сограѓани, но и во целата држава, кои сиве овие години се лојални потрошувачи на нашите производи. Тие се нашиот извор на мотивација и ќе продолжиме да ги радуваме со нови производи и услуги, како и промотивни активности. Едно такво изненадување е подготвено за в сабота, на 13 јули, кога во целиот град, во сите угостителски објекти, цената на нашите домашни пива Златен Даб и Крали Марко ќе биде роденденска, односно симболични 50 денари“ – изјави претседателот на Управниот одбор на Прилепска Пиварница, господинот Сашко Самарџиоски.

„Од мое име и од името на локалната самоуправа на Општина Прилеп, на генералниот директор Сашко Самарџиоски и на неговото семејство Самарџиоски да им ја честитам стогодишнината од постоењето на Прилепска Пиварница. Мора да признаеме дека со вакви јубилеи во Македонија, па и пошироко на Балканот, можат да се пофалат многу малку компании, особено во време на промени, економски предизвици и кризи. Верувам дека утревечер сите ќе можеме да уживаме во брендовите на Прилепска Пиварница, а градот Прилеп е подготвен да ги прими сите посетители и гости што ќе дојдат в сабота и може да се гордее што има една ваква компанија“ – изјави градоначалникот на Прилеп, господинот Борче Јовчески.

Комерцијален текст

Се вчитува...