Во пресрет на Супер-лигата, Академија ФМП ја губи трката во времето

Академија ФМП регуларниот дел од сезоната го заврши на делба на третото место на табелата со скор од 14. победи и 8. порази со што го осигура своето место во Супер-лигата, но тимот од Кисела Вода поради обврската деловниот субјект да биде Акционерско друштво (А.Д.) може да остане без место во втората фаза од првенството.

Имено, според информациите на ЕКИПА, „академиците“ се уште ја немаат завршено процедурата чиј рок истекува во петок. Доколку скопскиот состав не успее во обидот, местото на Академија ФМП ќе го наследи Феникс 2010 кој заврши на седмата позиција на табелата или пак Работнички кој е осмопласиран.

Како неуспехот за промена на видот на акционерско друштво ќе влијае врз клубот останува да видиме со оглед на интересот за кошаркарите на Академија ФМП кои ги покажуваат речиси сите тимови во првенството.

За Бре Ајви е заинтересиран МЗТ Скопје, Еуро Никел замената за Николовски ја бара во Филип Бакоч и Оливер Двојаковски, а нема да биде изненадување Лука Стојановски или Стефан Крстајиќ да го заменат Ворку во Гостивар.

Се вчитува...