Во пресрет на Вимблдон: Најголемите „вајлд кард“ сензации

Историјата на Вимблдон досега покажала дека добитниците на вајлд карти можат да бидат многу повеќе од пополнувачи на жрепката. Годинава Маркос Багдатис во сингл и Лејтон Хјуит и Џордан Томсон во двојки треба да се обидат да ја продолжат низата легендарни постигнувања.

ГОРАН ИВАНИШЕВИЌ

Прв во низата секако е Горан Иванишевиќ. Во 2001, по три неуспешни финалиња(1992,1994,1998), хрватскиот тенисер доби можност да биде дел од омилениот грен-слем. На патот до финалето, Иванишевиќ ги победи Карлос Моја, Енди Родик, Марат Сафин и Тим Хенман. Во дуелот за титулата се соочи со Патрик Рафтер.

Дуелот, поради дожд се развлече во два дена, завршницата беше во понеделник, илјадници луѓе чекаа во огромни редови за картите кои беа доделени на лотарија, а среќните добитници направија вистинска „фудбалска“ атмосфера на централниот терен. Во историскиот меч, Иванишевиќ победи по пет сета и е едниствениот во машка конкуренција освојувач на грен-слем титула како учесник со вајлд карта. Тој и натаму е најниско рангираниот тенисер во историјата со титула на најголемите турнири.

НИК КИРЈОС

Во 2014 на само 19 години, Австралиецот, Ник Кирјос доби вајлд карта и стигна до четвртфиналето победувајќи го на патот до таму Рафаел Надал. Во четвртфинлето беше поразен од Милош Раонич. Контроверзниот Кирјос беше првиот дебитант по Флоријан Маер во 2004 година што стигнал до четвртфиналната фаза.

ХУАН КАРЛОС ФЕРЕРО

Бројните повреди го исфрлија поранешниот број еден во светот, Хуан Карлос Фереро надвор од топ 100 на АТП листата, но како добитник на вајлд карта во 2009 година го повтори најдобриот резултат во кариерата со пласманот во четвртфиналето победувајќи ги претходно Фернандо Гонзалес и Жил Симон. Претпре четвртфинален пораз од Енди Мареј, но успеа да се врати меѓу најдобрите 20 во светот.

ПЕТ КЕШ

1986 беше тешка година за Пет Кеш. Имаше тешка операција на грбот, во пресрет на Вимблдон мораше да оди на итна интервенција на слепото црево, но кога стапна на тревата и здравјето му се подобри, а квалитетот на игрта никогаш и не бил проблем за Австралиецот. Го елиминираше Матс Виландер за пласман во четвртфиналето каде што беше поразен. Тогаш тој го почна она што е сега традиција, фрлање на стегачите за глава и рака кон публиката.

Кеш следната година повторно дојде на Вимблдон и со триумфот над Иван Лендл во финалето ја освои единствената грен-слем титула во кариерата.

 

 

 

 

 

Се вчитува...