Во Радовиш сакаат да гледаат прволигашки фудбал

Радовиш има богата  фудбалска традиција, нивниот миленик Плачковица со години е меѓу најдобрите екипи во источниот дел на Македонија, од нејзините редови потекнуваат многу познати фудбалери но за жал никогаш љубителите на„ најспоредната работа на светот“ немале можност да гледаат прволигашки фудбал. Ниту во поранешна Југославија, во тогашната Македонската прва лига ниту во последните дваесетина години кога нашата држава стана независна. Играа само во региналните и Втори лига, поделени во две трупи. Дали конечно годинава ќе им се исполни долгогодишна желба бидејќи по минатогодишната фузија меѓу Плачковица и Детонит, двата клуба од Радовиш ,се тргна  на добар пат во градот да гостуваат најдобрите  клубови од Македонија.

Фузијатата донесе успех

Детонит со богат спонзор и Плачковица ,клуб со долга традиција најпосле најдоа заеднички јазик,  бидејќи сфатија дека двата клуба, кои играат на истиот, единствен стадион во градот, кои ги делеа истите соблекувални, можат да постигнат многу повеќе ако ги здружат силите Се фузионираа  во сезоната 2022/23 и почнаа да играат во Единствената втора лига на Македенија под името Детонит Пачковица. Во таа прва сезона првенството го завршија на петтото место. Годинава, по есенските натпревари се наоѓаат на второто место на табелата, со големи шанси и да го задржаат и конечно да станат прволигаши.

Под раководство на амбициозниот тренер Иван Варадиновски, кој со своите 35 годинин е намлад тренер и во Првата и  Втората лига Детонит Плачковица на 15 натпревари  забележа 11 победи, со два порази и две нерешени средби. Да не беа оние несреќни, непланирани порази од Тетекс и Победа, ќе имаа повеќе од сегашните освоени 35 бода. Есенва го победија и лидерот на табелата  Беса со 2:0, со најголемиот конкурент за второто место Пелистер играа нерешено 0-0 во Битола.

На 8 средби немаат примено гол во Радови

Интересен е уште еден податок од есенската сезона  на Детонит Плачковица, на осум натпревари во Радовиш има забележано 8 победи, со гол разлика 20-0, голманот Димитар Георгиев може да се пофали  дека ниту еден клуб не успеа да го совлада. Во клубот се свесни дека ги очекува  неизвесна и тешка пролет во битката да го сочуваат второто место пред Пелистер кој им е најсеризен конкурент да им го преземе. Впрочем, по првиот дел од првенството на табелата води Беса со 40 бода, пред Детонит Плачковица со 35 и Пелистер со 33. Тоа е тројката за Прва лига и бараж. Останатите три клуба, кои се во горниот дел на табелата зад нив, Арсими,Кожув и Охрид имаат по 23 бода, тешко дека ќе можат да сметаат на некој повисок пласман

Детонит Плачковица сериозно ја засили екипата за пролетниот старт. Во клубот дојдоа Александар Георгиевски /Воска/. Зоран Ивановски и Тони Мичковски /Беласица/ и Лука Трајковски /Вардар/. Клубот го напуштија Вилдан Ферат /Пелистер/, Дејвид Митревски/Кожув/ и Илан Филачи/ Брера/. Подготвувајќи се за пролетниот старт Детонит Плачковица одигра пет успешни контролни натпревари. Ги победи Беласица со 5-0, Тиквеш 1-0, Саса 2-1 и Силекс 1-0, додека со Брегалница одигра нерешено 0-0.

Во првите пет  пролетни кола Детониот Плачковица игра со Скопје и Пелистер дома, им гостува на Вардар/Н/, Арсими и Беса. Тежок распоред, од кои тренерот  Варадиновски очекува да се освојат 12 до 13 бода што ќе бидат гаранција да се сочува шансата за пласман во Првата лига. Интересено е да се напише  дека и во  првите пет есенски средби беа освоени 13 бода. Но сигурно беа овие бодовни калкулации, мечот со Пелистер во Радовиш ќе биде вистинско дерби бидејќи резултатот може да одлучи за пласман во Првата лига, иако остануваат да се доиграат уште десет натпревари до крајот на првенството.

Останува да се види, дали тренерот Иван Варадиновски, со својот помошник  Драги Коцев и  тренерот на голманите Драги Иванов со  тимот од есенската сезона: Димитар Георгиев, Тони Мирчевски, Оливер Христов, Дарко Стојанов, Давид Башевски, Иван Настевски, Стефан Бабунски, Андреј Кудијан, Рушити Сухјиан, Албан Мемети Славчо Јанев и  Амир Фејзуловиќ, заедно со новите засилувања ќе им ја исполнат желбата на навивачите од Радовиш да гледаат и тие конечно за првпат прволигашкиот фудбал во нивниот град.

М.Мицковиќ

Се вчитува...