Мадридските медиуми се бесни на одлуката на Шпанската фудбалска федерација за главен судија на претстојното Ел Класико да го именува Хуан Мартинез Мунуера, додека од ВАР-собата евентуалните грешки ќе треба да ги корегира Хозе Луис Гонзалез Гонзалез.
„Кралевите“ ќе бркаат негатива од еден гол по поразот на „Бернабеу“, но веруваат дека со изборот на судии јасно се протежира Барселона да се пласира во финалето од Копа дел реј.
„Мартинез Мунуера главен судија, а Гонзалес Гонзалес во ВАР, каква коинциденција… Правда ќе ни дели тандемот од кој навивачите на Реал имаат најлоши спомени. Тоа е истиот оној судиски пар што го водеше мечот на кој Реал беше најоштетен во поновата историја. Тоа е мечот Реал Мадрид – Севилја во сезоната 2020/21, кога нивните грешки ни ја одземаа титулата“, пишуваат мадридските медиуми.
Приврзаниците на Реал се жалат на шест судиски грешки против нивниот клуб на тој натпревар, за што беше објавен и видео-запис од спорните ситуации. На крајот од видеото се наоѓа пораката на Гонзалес Гонзалес од ВАР-собата: Се е ОК…
Martínez Munuera y González González (VAR).
Historial con Real Madrid.
Video #RMTVpic.twitter.com/jW9Y23WXrK— Rafa RNMJ Real Madrid (@RafaRNMJ) April 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

