Во следниот период во Реал Мадрид треба да „падне“ еден од најважните потписи во историјата на клубот. А, тоа е продолжување на соработката со крилниот фудбалер Винициус Жуниор.
Бразилецот вчера беше импресивен во победата на својот тим од 6-1 над Монако во Лигата на шампионите, а тоа е се чини последниот чин од потписот на новата соработка. Во минатото двете страни не успеаја да се договорат поради парите.
Бразилецот бара 30 милиони евра годишно за нов договор, откако неговите агенти веруваат дека заслужува иста плата како Килијан Мбапе. Реал Мадрид не го гледа тоа така, и подготвени се да му понудат 10 милиони помалку од Мбапе.
Сепак, по сите настани во клубот, се чини дека раководството на кралскиот клуб полека попушта. Очигледно, сепак би можело да се постигне договор меѓу двете страни. Доказ за тоа е присуството на агентот на фудбалерот, Фредерик Пења на вчерашниот меч помеѓу Реал и Монако.
Шпанците велат дека неговото доаѓање е јасен знак дека договорот е близу. Реал Мадрид очигледно не сака да го изгуби Винициус и е подготвен да ги исполни неговите барања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

