„Во Реал Мадрид се каат што го пуштија Лука Модриќ“

Летово, по 13 години минати во Реал Мадрид, Лука Модриќ кариерата ја продолжи во Милан.

Заедно со Дани Карвахал и Лукас Васкез, Хрватот беше гласот на разумот во тимот, а Шпанците сметаат дека заминувањето на играчот со најмногу трофеи во историјата нарушил многу работи:

„Тој беше лидер на соблекувалната. Одредени луѓе во клубот се свесни дека присуството на Лука Модриќ на и надвор од теренот би било неопходно за соблекувалната во моментов. Никој во клубот не крие дека има проблем во креирањето на играта. Тимот е врвен, најдобар во светот по имиња, но недостасува тоа парче кое поврзува сè и ја оркестрира играта“, пишува „Ел мундо“. 

Се вчитува...