Во Ред Бул не се трпи неуспех: Лосон доби отказ по само две трки

Раководството на Ред Бул се реши за драстичен потег по само две трки од новата сезона во Формула 1, менувајќи го Лијам Лосон од улогата на партнер на Макс Ферстапен.

Возачот од Нов Зеланд беше најавуван како откровение, но откако целосно потфрли на првите две трки беше донесена одлука тој експресно да биде ватен во тимот на Рејсинг Булс, кој важи за втор тим на Ред Бул. На местото на Лосон, во болидот на Ред Бул од следната трка ќе се појави Јапонецот Јуки Цунода.

„Подготвен сум ако ме повикаат. Зошто да не, секогаш… Веќе во Јапонија? Да, 100%. Возев со Лосон уште од јуниорските категории, го победував, така што се чуствувам подготвен“, истакна Цунода.

Од Ред Бул барем засега нема официјална потврда, но релевантни извори потврдија дека одлуката е веќе донесена – и тоа на состанокот на највисоката тимска управа одржан во Дубаи, па сега се чека само на официјализација на смената, Цунода на местото на Лосон.

Се вчитува...