Во Ред Бул не веруваат во болидот: Добар беше Макс на Имола, но во Монако…

Макс Ферстапен на Големата награда на Италија, на популарната стаза „Имола“ покажа зошто е светски шампион. Холанѓанецот во првиот круг успеа да го престигне Оскар Пијастри на водечката позиција, а потоа и без мака ја сочува предноста за највисоко место на пиедесталот.

Додека фановите на Ред Бул со нетрпение ја очекуваат Големата награда на Монако, во таборот на австрискиот клуб не владее голем оптимизам за настапот на нивните возачи.

„Направивме некои промени и фала Богу тие функционираа. Меѓутоа тоа е само една трка. Се може да биде потполно различно на следното гран-при. Монако е стаза со спори кривини. Не смееме да ја исклучиме можноста да изгледаме многу лошо“, изјави советникот во Ред Бул, Хелмут Марко.

Се вчитува...