Во Ренџерс се среќни: Миовски е „фит“ за дербито со Селтик

Бојан Миовски ги надмина проблемите со повредата и ќе биде во комбинација за настап за Глазгов Ренџерс на големото шкотско дерби против Селтик што е на програмата денеска.

Миовски блесна со неколку одлични партии пред крајот на 2025 година, но потоа заработи незгодна повреда. Сепак, сега повредата е минато за нашиот голгетер и Бојан е најавен како стартер на вечното дерби.

„Бојан Миовски повторно е во конкуренција за место во тимот. Тренираше добро, веќе не чувствува болка и дефинитивно ќе биде во комбинација. Сите сме максимално мотивирани за победа над Селтик, и тоа во првиот меч во новата година на кој триумф би донел огромен скок во нашата самодоверба“, изјави стратегот Дени Рол.

Дербито меѓу Селтик и Глазгов Ренџерс е на програмата од 13.30 часот. Тимот на Миовски моментно се наоѓа на третото место на табелата со 35 бода, шест помалку во однос на лидерот Хартс и „минус три“ во однос на второпласираниот Селтик.

Се вчитува...