Во Рим започна шоуто наречено „Мурињо“: „Дали ви се верува, рекордни 40 дена немав интервју“!

Еден од најконтроверзните менаџери во светот на фудбалот, Жозе Мурињо, новиот предводник на Рома, навистина е „специјален“. Откако дојде во Рома, некако е тивок, повеќе работи со тимот отколку што го има по медиумите, па за да не остане незабележан, конечно се огласи и се пофали со една работа – 40 дена нема дадено ниту едно интервју.

Португалецот седна на столче за интервју од клупската телевизија на „волчицата“, па за првото интервју после доаѓањето во Рим и промоцијата, не можеше да остане мирен, а да не се пофали или пожали.

„Насмеан сум зашто замислете…поминаа рекордни 40 дена без интервју. Неверојатно време во кое бев исклучиво фокусиран на работа и заборавив на моите пријатели од медиумите. Денеска беше денот, имав интервју за Рома, а да сум искрен – нема ништо поинтересно. Ги сакам медиумите, многу ми недостигаат“, изјави Мурињо.

Се вчитува...