Во Севилја владее хаос: Најдобриот стрелец тргна да се тепа со тренерот (видео)

Севилја цела сезона се мачи на резултатски план, но дното беше допрено за време на денешниот дуел со Селта на кој најдобриот стрелец на тимот, Ен Несири, тргна физички да се пресмета со тренерот Кике Санчез Флорес.

Севилја имаше водство од 1-0 кога по десетина минути игра во вториот дел Флорес реши да го повлече најдобриот напаѓач од теренот. Ен Несири беше видно незадоволен, најпрвин нешто му пререче на тренерот, а потоа бесен шутна едно шише со вода што му се најде на патот.

Тренерот му пријде, но тогаш Ен Несири целосно ги загуби нервите па тргна и физички да се пресмета, но за среќа беше спречен од соиграчот Луис Окампос.

Целиот инцидент можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...