Максимално позитивна атмосфера во таборот на Шкупи пред утрешниот реванш-натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите против хрватски Динамо Загреб кој за чаирчани можеби да биде историски.
По оние 2-2 од Загреб во таборот на Шкупи владее ведрина како никогаш досега, затоа што свесни се сите дека нема што да се загуби против големиот фаворит, а може многу да се добие.
Така беше и на официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ каде тренерот Гоце Седлоски ги реализираше финалните тактички подготовки за утрешниот дуел со хрватскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА