Во Шпанија фудбалските малверзации веднаш се откриваат и полицијата ги апси виновниците. Б – тимот на Барселона го совлада Елденсе со 12-0, а потоа беше откриено дека дел од фудбалерите и тренерот на гостинскиот тим всушност биле дел од обложувачка мафија и намерно придонеле за толку убедлив пораз. Но, полицијата реагираше експресно и веднаш ги приведе.
Тренерот Фран Руиз Касарес е приведен и одведен пред Судот во Елда, Аликанте, за да даде своја изјава за овој случај, а приведени се и двајца фудбалери. Еден од нив е британски интернационалец, Мајкл Вејн Фернандез, додека вториот приведен фудбалер е Нико Шафер. Тие ќе треба во наредниот период да дадат цврсти докази дека не биле дел од обложувачката мафија, или во спротивно, долго ќе останат зад решетки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА