ЕКИПА во Клуж,
Билјана Б.Петрушева
Уште не почнат тренингот, макеоднските ракометари веќе беа „жива вода“. Во салата „Хориа Демиан“ која е со капацитет од 2.500 гледачи, е пеколно жешко, без клима.
„Многу е топло овде!“ , беа првите коментари од макеоднските ракометари додека се загреваат играјќи фудбал.
Таква атмосфера сигурно ги очекува и утре на реваншот против Романија што ќе се игра во оваа сала, иако според првичните информации, во Клуж нема кој знае каков интерес за утрешниот ракометен натпревар. Тоа сигурно се должи и на фактот дека Романија веќе подолго време или поточно од 2011 година ја нема на големите ракометани натпреварувања, а речиси тоа да се смени во скоро време. Македонија има осум гола предност од првиот меч во Скопје во кој славеше со 32-24, по што и слеекторот на Романија, Чави Пасквал рече дека баражот е веќе решен. Но, сепак останува да се одигра и утрешниот реванш и да се победи „жештината“ во Клуж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА