Во Скопје е одбојкарска фешта кога се победува, но и кога се губи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија ја сака одбојката, доказ за тоа беше и денешниот натпревар против селекцијата на Полска во која спортските вљубеници имаа можност да ги видат на дело своите миленици во пресметка со една од најсилните репрезентации во светската одбојка.

Салата повторно беше речиси исполнета до последно место, а навивачите приредија фешта на трибините, давајќи поддршка и гласно поздравувајќи го секој освоен поен против големиот фаворит. На трибините имаше стотици полски фанови, на иста трибина со нашите, што само го збогати овој спекткал кој мина во апсолутен ферплеј меѓу играчите, но и меѓу навивачите.

Во Скопје е одбојкарска фешта и кога се победува и кога се губи… Како што доликува на домаќин на едно големо европско натпреварување…

Се вчитува...