Во Скопје се одржа светскиот младински турнир во пинг-понг, квалификациски за СП (ФОТО)

Во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ се одржа третиот по ред светски младински турнир – „WTT Youth Star Contender Skopje 2024“.

На турнирот учествуваа околу 120 натпреварувачи од земји од цел свет кои се натпреваруваа во следните категории: машки поединечно, женски поединечно, машки двојки, женски двојки и мешани двојки со ограничување на години, помлади од 15 и помлади од 19 години.

Турнирот во исклучително силна конкуренција беше последен на кој играчите можеа да собираат поени за квалификација на Светското младинско првенство што ќе се одржи во ноември во Шведска.

Македонија ја претставија 5 пингпонгари: Матеја Смолиќ (ППК Рисови), Моника Стајковска (ППК Зегин Берово), Фани Јованоска (ППК Зегин Берово), Лука Стојчев (ППК Младост) и Кристијан Каламадевски (ППК Зегин Берово).

Најдобар пласман остварија Матеја Смолиќ и Фани Јованоска во категорија мешани двојки до 15 години стигнувајќи до осминафиналето на турнирот.

Се вчитува...