Во Скопје се организира првиот Куп на Македонија во билијард

Билијард федерацијата на Македонија го организира првиот настан насловен како „Куп на Македонија во билијард“ кој ќе се игра на 31. август и 1. септември во Скопје.

На програмата ќе биде популарната дисциплина „деветка“, а натпреварувачкиот костур ќе биде дефиниран според правилата за елиминација врз база на два пораза.

Домаќин е билијард клубот „Гран Клуб“, а натпреварите почнуваат од 9 часот на 31. август, додека финалето е в недела (1. септември) од 21 часот. Право на настап ќе имаат сите играчи, од А и Б дивизијата, но и оние кои досега не биле членови на клуб и не се дел од федерацијата, при што е битно само да се државјани на Македонија.

Се очекува дека ќе има околу 100 учесници од 15 града, за кои федерацијата обезбеди и солиден награден фонд, но и пехари и медали за најдобрите.

Се вчитува...