Во Скопје стартуваше фудбалскиот камп на белградски Партизан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во Скопје, на терените во Градскиот парк, вчера стартуваше фудбалски камп под капата на еден од најпрепознатливите регионални клубови, белградски Партизан кој ќе се одржува до 29. септември.

Кампот, кој е воден од истакнати тренерски имиња од академијата на ФК Партизан од Белград, ќе се одржи на терените на ФК Работнички во Градскиот парк во Скопје.

На истиот партиципираат на млади фудбалери на возраст од 8 до 14 години, кои преку учеството на кампот ќе бидат под скаутинг на еден од најдобрите балкански клубови.

 

Се вчитува...