Денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје стартуваа натпреварите на најголемиот пингпонгарски настан за 2023 во нашата земја, Светското младинско натпреварување „Скопје 2023“.
Натпреварите стартуваат секој ден се до 9. септември, во 9:30 часот и ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Првиот и вториот ден ќе опфатат натпревари од женска категорија до 15 и 19 години, додека на 8. и 9. септември ќе се играат натпреварите во машка конкуренција. На 7. септември закажани се натпреварите во двојки.
Денеска меѓународниот натпревар го следеше и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.

Димовски заедно со претседателот на Пингпонгарска Федерација на Македонија, Горан Тиловски и потпретседателот, Златко Рикалоски проследија дел од најинтересните натпревари и разговараа за идните планови на Федерацијата околу организација на ваков тип натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

