Зоран Драгиќ по подолго време нема да биде дел од репрезентацијата на Словенија на престојниот Евробаскет откако беше отпишан од страна на селекторот Алекснадар Секулиќ, како што соопштија од кошаркарската федерација на Словенија.
Сепак одлуката да замине од кампот не била на Секулиќ, туку на самиот Драгиќ за кој овој континентален собир требаше да биде и последен во репрезентативниот дрес. Како што открива сопругата на кошаркарот, 36-годишникот заминал сам поради „циркузната“ атмосфера која владее во репрезентацијата веќе подолго време.
„Т.н. „селектор“ не го отпиша Зоран од списокот. Зоран самиот замина од циркузот кој трае веќе неколку години“, напиша сопругата Светлана на социјалните мрежи.
Со вкупно 77 официјални настапи Драгиќ се наоѓа на петтото место на вечната листа по бројот на настапи за словенечката репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

