„Во соблекувалната на Реал зборуваме за Мбапе, очекуваме набрзо се да биде готово“

И натаму трае сагата на Килијан Мбапе. Французинот веќе неколку преидони рока се поврзува со Реал Мадрид, но до трансфер и натаму нема дојдено.

Можеби најблиску до сега е престојното лето Мбапе да се пресели на „Бернабе“. Играчот на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, кој е соиграч на Французинот во репрезентацијата, откри дека и во соблекувалната на „кралевите“ се споменува името на најдобриот француски фудбалер.

„Мбапе не ми ја кажал неговата одлука. Но, и да ми ја кажеше, немаше да ја откријам. Од време на време разговараме за него во соблекувалната. Ова е важно прашање, и се надеваме дека се ќе се среди во следните неколку недели“, рече Чуамени по мечот во Лајпциг.

Се вчитува...