Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија донесе одлука да им одземе по два бода на најголемите клубови Црвена Звезда и Партизан, затоа што со соопштенија ја „труеле јавноста“ и воделе меѓусебна војна. Исто така, покрената е постапка против девет клубови и поединци, а на тапет се најдоа Црвена Звезда, Партизан, Раднички Ниш, како и функционерите Милорад Вучелиќ, Милош Вазура, Светозар Мијаиловиќ, и тренерите Илија Столица, Бобан Дмитровиќ и Ненад Лалатовиќ.
Во Македонија во изминатиот период исто така имаше „војна со соопштенија“, во која учествуваа Академија Пандев, Вардар и Шкендија, а поради „случајот Фазлагиќ“. Се коментираше одлуката на Натпреварувачката комисија на ФФМ за овој случај, кога Шкендија остана со играч под 21 година во првото полувреме поради исклучувањето на Енис Фазлагиќ, некои 15 минути беше на теренот без младинец, а потоа беше уфрлен нов фудбалер до 21 година, кој го заврши првиот дел. Сите бараа своја правда, а на крајот и ја коментираа одлуката на ФФМ, исто така „труејќи“ ја јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА