Партизан го победи Вождовац во четвртфиналето од Купот на Србија со 2-1, откако губеше со 0-1. На израмнувачкиот гол претходеше смешна ситуација во која играчите на Вождовац чекаа шут со раширени нозе пред својот гол…
И, целиот натпревар онака на прва изгледа сосема регуларно, но кога подетално ќе се анализираат случувањата во финишот од 80. минута до крај нешто и тоа како е сомнително. Партизан на крај славеше, а на ситуацијата со израмнувачкиот гол први укажаа од редовите на Црвена Звезда…
Директорот на српската лига, Влада Булатовиќ тврди дека сето тоа е обична глупост, а оној кој гледа местенка во оваа ситуација треба да оди на лекарски преглед…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА