Македонските репрезентативци, во очекување на утрешната квалификациска средба со Албанија, попладневниот денешен одмор го искористија за мала прошетка по струмичките улици…, и посета на еден од најпознатите кафе барови во Струмица, се разбира кој друг ако не, „Кафе 19“, кој е во сопственост на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
Капитенот се одлучи да ги покани репрезентативните соиграчи на една кафе пауза во „Кафе 19“… Па, нормално, една таква покана не се одбива! Момците во црвено-жолто, по триумфот во Израел, неизбежно веднаш привлекоа внимание и меѓу струмичани кои не ја пропуштија можноста за фотографија со репрезентативците…
[new_royalslider id=”756″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА