Новиот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, е чекор поблиску до освојување на двојната круна по првото полувреме од финалето на Купот на Македонија, што се игра на стадионот „Младост“ во Струмица. Избраниците на Ќатип Османи имаат водство од 1-0 против Пелистер, со голот на Висар Муслиу постигнат во 20.минута од средбата.
Финалната пресметка се игра под силен дожд и речиси невозможни временски услови, иако теренот сепак дозволува нормално одвивање на натпреварот. Дождот создаде проблеми, но, финалето сепак продолжува…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА