Во таборот на Баерн Минхен можат да здивнат

Тренерот Винсен Компани и навивачите на Баерн можат да здивнат откако деталните прегледи врз Џошуа Кимих покажалe дека повредата на германскиот репрезентативец не е сериозна.

Кимих мораше да биде заменет за време на натпреварот со Ајнтрахт, а во таборот на Баерн стравуваа дека тој ќе мора да паузира извесен период, токму кога ќе се водат клучните битки во Бундес-лигата, но и осминафиналните пресметки со Баер Леверкузен во Лигата на Шампионите.

Денеска од Минхен пристигнаа позитивни вести, Кимих нема кинење на мускулот, туку станува збор за воспалување на тетивата, повреда која не е многу сериозна. Тој ќе мора да паузира од тренинзи неколку дена, речиси сигурно ќе го пропушти петочниот дуел со Штутгарт, но се очекува потоа да му се врати на располагање на тренерот Компани.

Се вчитува...