Некогашниот аргентински фудбалски ас Карлос Тевез, кој неодамна е поставен за тренер на Индепендиенте, се соочи со поразителна појава во повеќекратниот аргентински првак.
Тевез на јавноста откри дека во тимот има играчи кои не знаат да собираат ниту одземаат, притоа не откривајќи за кои имиња станува збор. Порача да се посвети повеќе на образованието на децата, притоа додавајќи дека клубот во најскоро време ќе формира план за двочасовно учење после тренинзите.
„На играчите на тренинг давам вежби за брзина. Кога физички ќе се изморат, ги терам да кажат колку е 2+2. Бев изненаден дека тројца не го знаат одговорот. Сето тоа поради сиромаштијата. Можеме младите луѓе да ги нахраниме, можеме да им помогнеме зза се, но учењето… Играчите треба да знае да се заштити кога потпишува договор. Затоа работиме на тоа да доведеме учител кој ќе го унапреди знаењето на секој фудбалер“, изјави Тевез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

