Не требаше долго македонскиот репрезентативец Елиф Елмас да ги освои срцата и на навивачите на Торино, но и на раководството на клубот кое по само три негови натпревари по враќањето во Серија А веднаш го виде сиот негов фудбалски раскош.
Па, како што пренесуваат италијанските медиуми, од Торино веќе се решени на крајот од сезоната да го откупат целосно неговиот договор од германски Лајпциг.
Според договорот за позајмица меѓу двата клуба, Торино на крајот од сезоната ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор од Лајпциг.
Македонскиот „дијамант“ настапи на три натпревари за Торино по враќањето во Италија и постигна два прекрасни погодоци. Претходно во кариерата настапуваше и за Работнички во македонското првенство, како и за Фенербахче и Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА