Во Турција регистрирана најголемата голманска глупост на сите времиња (ВИДЕО)

Фудбалските фанови низ светот беа сведоци на голманска глупост во Турција, а која веќе ја прогласија за најголема голманска грешка во историјата. Видеото пристигнува од мечот меѓу Алтирниду и Коџаели, меч кој заврши без победник 2-2.

Во 86 минута, помошникот сигнализираше офсајд, но бидејќи акцијата не продолжи и топката дојде кај голманот, судијата пушти да тече играта и не свирна. Сепак, голманот дали се занесе или не, се спремаше да изведе прекин и да дегажира, само што противничкиот играч го искористи моментот да си даде лесен гол.

Следеше бура од реакции, но сѐ беше џабе, зашто немаше прекин кој го бараа Емре Јанар и соиграчите.

 

 

 

Се вчитува...